Градоначалниците Саша Богдановиќ и Илија Јованоски позитивни на ковид-19

Градоначалниците Саша Богдановиќ и Илија Јованоски позитивни на ковид-19

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на корона вирус, поради што останува во домашна изолација, следејќи ги инструкциите на лекарите.

„И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен“ напиша Богдановиќ.

Иста вест на социјалните мрежи соопшти и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој пак, во текот на вчерашниот ден направил тест откако се посомневал на првичните симптоми на корона вирусот. И тој останува во домашна изолација, со лесни симптоми.

„Како што се покажа, вирусот ковид-19 е непредвидлив и лесно пренослив, особено новиот „британски“ сој, кој за жал го има во нашиот град. Затоа, апелирам на максимално и строго почитување на мерките за заштита“ напиша Јованоски.

Во моментов во Прилеп има 551 активни случаи со ковид-19, а денеска регистрирани се 79 нови случаи, 19 оздравени лица и еден починат пациент.

И двајцата градоначалници потенцираат дека вирусот е опасен и непредвидлив, а до граѓаните апелираат да носат заштитни маски, да одржуваат физичка дистанца и да вршат честа дезинфекција на рацете и работните површини, бидејќи на тој начин ќе се спречи ширењето на корона вирусот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Јордан Камчев, Душко Чифлиганец, Ристо Секуловски, Бобан Заев се дел од македонските државјани кои имаат …