Грковска-Аксинте

Грковска-Аксинте: Реафирмирана романската поддршка за што поскора европска интеграција на Северна Македонија

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Романија во нашата земја Адела Моника Аксинте.
Посакувајќи ѝ успешен мандат, романската амбасадорка Аксинте на вицепремиерката Грковска ѝ ја пренесе подготвеноста за продолжување и зајакнување на соработката во рамки на надлежностите за креирање политики за добро владеење и унапредување на европските реформи.На состанокот беше истакната определбата на Владата за што поскоро да започнат преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, потенцирајќи дека тие се многу важни за остварување на бенефитите на сите граѓани во земјата.

На средбата беше реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите на нашата земја за членство на Унијата, при што позитивно беше оценета новата енергија во односите со Бугарија, како можност за што поскоро исполнување на европската интеграција.

Соговорничките заеднички се согласија за важноста на европската перспектива на нашата држава, која, како што беше речено, значи охрабрување не само за граѓаните на Северна Македонија, туку и за европерспективите на сите други држави од Западен Балкан.

На средбата беше позитивно оценета брзата реакција на Северна Македонија во однос на војната во Украина, усогласеноста со санкциите и мерките на ЕУ, при што беше посочено дека членството во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на сојузниците во регионот.

Беше изразена подготвеност за конкретна соработка по однос на сите важни области и прашања  во насока на унапредување и динамизирање на политиките за добро владеење.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …