Мицкоски по средбата со Хан на својот „Фејсбук“ профил напиша дека го информирал еврокомесарот за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ, и како што вели посочил дека членството на Република Македонија во Европската Унија преставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ.

Хан исто така се сретна и со исклучените членови на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојевски кој беше дел од реформското кривло, Емилија Александрова, пратеничката која гласаше за потребата од уставни измени и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

„Им честитав на нивната смелост и храброст во гласањето за Преспанскиот Договор. Сите закани кон нив мора да запрат. Сите партии треба да работат за ЕУ агендата бидејќи тоа е она што го сакаат мнозинството граѓани“, напиша Хан.

Извор: МЕТА