Хан: Сите од се срце ги поддржуваме преговорите за името

Хан: Сите од се срце ги поддржуваме преговорите за името

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан по појадокот помеѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, изјави дека сите изразиле силна поддршка за преговорите за името помеѓу Македонија и Грција.

„Плодна дискусија помеѓу пријателите на Македонија на појадокот. Благодарност до Никос Коѕиас и Никола Димитров за нивната конструктивна напорна работа. Сите, од се срце, ги поддржуваме преговорите. Во собата постои консензус дека решението за проблемот со името ќе значи пресвртница за наредните чекори во процесот на приклучување на Македонија кон ЕУ“, напиша утрово еврокомесарот Јоханес Хан на „Твитер“ за новата рунда преговори за името во Брисел.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека на маргините на Меѓународната конференција за Коридорот …