Илија Јованоски: Се откажува карневалот „Прочка 2020“ во Прилеп, здравјето на граѓаните е на прво место

Илија Јованоски: Се откажува карневалот „Прочка 2020“ во Прилеп, здравјето на граѓаните е на прво место

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија, донесени врз база на член 58, став 1, алинеја 4 од Законот за заштита на населението од заразни болести, Општина Прилеп ги откажува сите активности и настани кои се поврзани со годинешниот Меѓународен карневал „Прочка 2020“.

„Жал ми е што се случува ова, и покрај нашите желби и сите напори што ги направивме во претходниот период, во правец на успешно организирање на ‘Прочка 2020’. Пред неколку дена соопштив дека Општина Прилеп заедно со сите придружни членови и учесници од нашиот град, од државатa и странство сме целосно спремни и подготвени.

За жал, денеска мораме да им кажеме дека го откажуваме овој голем настан, кој со нетрпение го очекуваа не само учесниците, гостите и граѓаните, туку и сите ние, а се’ во интерес на заштита на здравјето на граѓаните на општина Прилеп и на сите граѓани и учесници од земјата и странство, кои ќе беа присутни како гости.

Традицијата на Прочка во нашиот град, продолжува. Ние само ја откажуваме манифестацијата за оваа година, а семејното прославување на Прочка што како традиција го негуваме во нашиот град, се разбира дека ќе продложи“, соопшти градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Дополнително, градоначалникот Јованоски потенцираше дека согласно добиените препораки од Министерството за здравство и Владата, во наредните седум дена, во општината нема да се случуваат собири и настани од поголем обем на отворен и затворен простор.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …