ИН МЕМОРИАМ: На 46-годишна возраст почина поранешниот голман на „Победа“ и македонската репрезентација, Гоце Груевски

ИН МЕМОРИАМ: На 46-годишна возраст почина поранешниот голман на „Победа“ и македонската репрезентација, Гоце Груевски

Утрово на 46-годишна возраст, во Мелбурн, Австралија, почина поранешниот голман на ФК „Победа“ од Прилеп и на македонската репрезентација, Гоце Груевски- Чолако.

Груевски беше дете на ФК „Победа“ и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб ги бележеше своите најголеми клупски успеси, кои му овозможија и излез на меѓународната сцена. Покрај домашните натпреварувања, Груески од 1997 до 2000 година го бранеше голот на „Победа“ и во настапите во Купот на УЕФА против екипите на „Одра“ и Интертото купот против „Озета Дукла Тренчин“, како и на антологискиот двомеч со италијанската „Перуџа“.

Со своите одбрани во дресот на „Победа“, го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација, кој го носеше 8 пати: трипати на натпревари во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја во 2002 година, како и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година.

Потврда дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период кај нас, е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на нашите најдобри клубови: „Победа“, „Вардар“, „Работнички“, „Слога Југомагнат“, „Македонија ЃП“ и „Беласица“.

Во 2006 година Груески замина во Австралија, каде на почетокот беше голман, за да последните години биде тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн, „Македонија Престон“, а работеше и во академијата на „Манчестер Сити“.

Прочитајте повеќе

Скопје домаќин на Европскиот куп во џудо за јуниори

Скопје домаќин на Европскиот куп во џудо за јуниори

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото. Утре и другиден, 2 и 3 август, …