Соопштение од Централен регистар
Со огромно задоволство сакаме да ја споделиме веста дека Иницијативата на Централен регистар под наслов “Beyond National – one stop shops services through their digitalization and interoperability in the Western Balkans” во име на Управниот Одбор на регионалниот регистарски портал BIFIDEX е победник на Public Administration Award 2022
Иницијативата на Централен регистар под наслов “Beyond National – one stop shops services through their digitalization and interoperability in the Western Balkans” во име на Управниот Одбор на регионалниот регистарски портал е победник на Public Administration Award 2022.
Огромна благодарност до ReSPA и SIGMA/OECD кои во платформата BIFIDEX.com како награден проект препознаа иницијатива за зголемување на транспарентноста, правната сигурност и олеснувањето на работењето на поширокиот пазар на Западниот Балкан и ја одликуваа нашата институција со престижна награда на Public Administration Award 2022.
Платформата BIFIDEX.com е регионална платформа за аналитика на деловни и финансиски податоци за трговските друштва во регионот на Западен Балкан и овозможува пристап до сите статусни и финансиски податоци за 1.5 милион правни и физички лица од официјалните регистри во Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска).
Преку платформата www.BIFIDEX.com корисниците можат да го анализираат целиот регионален пазар според дејности и нивните финансиски показатели, како и да ги споредуваат финансиските перформанси на различни компании.
Овозможена е и интегрална информација за поврзаноста на физичките и правните лица во регионот.
Податоците се добиваат во реално време од официјалните бази на податоци на регистрите, и достапни се на сите официјални јазици и на англиски, а финансиската аналитика е овозможена во сите национални валути и во евра.
BIFIDEX овозможува и известување на заинтересираните корисници кога во официјалните регистри ќе настане било која промена кај компанијата или нејзините овластени лица.
Пребарувањата на основните податоци за правните и физички лица се бесплатни, а секој нов регистриран корисник на BIFIDEX добива и бесплатна годишна промотивна претплата за користење на определен дел од услугите. По истекот на промотивната претплата на корисниците им се достапни и комерцијални претплати кои почнуваат веќе од 60 евра.
BIFIDEX платформата од 2017 година се развива како регионална регистарска иницијатива која има за цел зголемување на транспарентноста, правната сигурност и олеснувањето на работењето на поширокиот пазар на Западниот Балкан.
Оваа иницијатива е поддржана од владите на сите регистри учеснички, а развиена и финансирана е со поддршка на Европската Банка за Обнова и развој (EBRD) и Фондот за Добро управување на Обединетото Кралство (UK GGF).
Освен регионалното поврзување на своите податоци на BIFIDEX платформата, Централниот регистар продолжува со унапредување на услугите за своите корисници со воведување на нови услуги за бизнисите.