Иновација преточена во реалност: Во Германија сообраќаат патнички возови на водород

Иновација преточена во реалност: Во Германија сообраќаат патнички возови на водород

Иднината на еколошките патувања во Германија станува реалност со воведувањето на првата железничка линија, на која сообраќаат иновативни патнички возови на водород, пренесува Си-ен-ен. Новата технологија е преточена во возови со водородни ќелии, кои ја произведуваат енергијата за нивното придвижување.

Четиринаесет водородни возови беа набавени по цена од 93 милиони евра од францускиот производител Алстом. Тие сообраќаат по неелектрифицирана пруга за потребите на регионалната железничка компанија ЛВНГ на дестинации помеѓу северните градови Цукхавен, Бремерхавен, Бремерверде и Букстехуде во германската покраина Долна Саксонија.

Пет од овие иновативни возови почнаа да сообраќаат во среда за потребите на патничкиот железнички сообраќај. Тие постепено ќе ги заменат 15-те дизел моторни гарнитури што моментално сообраќаат на оваа релација, а сите 14 нови возови ќе влезат во сообраќај до крајот на годината.

Проценките на властите се дека 1 килограм водородно гориво може да го придвижи новиот воз на растојание идентично на околу 4,5 килограми колку што можат сега да минат дизел моторните гарнитури.

За разлика од возовите кои сообраќаат на дизел гориво, водородните гарнитури се движат без емисии на штетни гасови и имаат ниска бучава, при што во атмосферата испуштаат само пареа и кондензирана вода. Континуираниот развој на водородната технологија кај железницата овозможи новите возови да можат да поминат растојание од 1.000 километри, што значи дека можат да работат цел ден на пругите со еден резервоар со водород.

На железничката траса веќе е формирана станица за полнење водород. Возовите можат да се движат со максимална брзина од 140 километри на час, иако редовните брзини на оваа пруга се помеѓу 80 и 120 километри на час.

Во Германија во моментов има околу 4.000 возови кои користат дизел гориво за сообраќање на своите неелектрифицирани пруги. Инаку, моторната гарнитура на водород од типот „Coradia iLint“ веќе е тестирана и во Австрија, Полска, Шведска и Холандија.

Претседателот на германската покраина Долна Саксонија, Стефан Вајл изјави дека овој проект може да претставува модел за остатокот од светот и пресвртница на патот кон постигнување на климатска неутралност во транспортниот сектор.

Овие водородни возиви на Алстом во иднина ќе сообраќаат и во околината на Франкфурт, каде што веќе 27 од нив се нарачани за градско-приградската железница. Тие ќе бидат внесени во сообраќај и во Италија, каде што шест возови ќе се користат за патничкиот сообраќај во северниот регион Ломбардија. Во Франција, 12 од овие водородни возови ќе бидат споделени во четири региони.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …