Италијанска студија покажува дека смртноста од ковид-19 се намалила за 95 отсто по првата доза вакцина

Во Италија заразувањето со корона вирусот е намалено за 80 проценти по пет недели од примањето на првата доза од вакцините против ковид-19 на Фајзер/Бионтек, Модерна и Астра Зенека помеѓу населението, покажува италијанско истражување што беше објавено вчера, пренесува Ројтерс.

Ова е прво обемно истражување во земја-членка на ЕУ кое го обработува реалното влијание на имунизацијата на населението со вакцини против ковид-19, а е спроведено од Националниот институт за здравје на Италија, на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица.

Научниците ги проучувале податоците од 27 декември 2020 година, кога започнала кампањата за вакцинација во Италија, до 3 мај годинава.

„По 35 дена од првата доза, постои намалување за 80 проценти на заразувањето, намалување за 90 отсто на хоспитализациите и намалување за 95 отсто на починати“, се наведува во италијанската студија.

Италијанските здравствени власти заклучиле во студијата дека податоците потврдуваат оти кампањата за вакцинација е неопходно да постигне висок степен на имунизација на населението за да се надмине пандемијата.

Од населението кое досега ја примило вакцината и било вклучено во истражувањето, 95 отсто ги примиле вакцините на Фајзер/Бионтек или Модерна, додека 5 отсто биле вакцинирани со прва доза од вакцината на Астра Зенека.

До вчера наутро, околу 8,3 милиони Италијанци ги примиле двете дози на вакцина против ковид-19, што е 14 отсто од населението. Исто така, дополнителни 10 милиони лица ја примиле првата доза.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …