Изгоре автомобилот на поранешниот претседател на СДСМ во Штип

Изгоре автомобилот на поранешниот претседател на СДСМ во Штип

Пеплосани се три автомобили, паркирани пред станбена зграда во штипската населба Сењак. Еден од автомобилите е сопственост на Никола Тушев, поранешен претседател на Општинската организација на СДСМ, чиј мандат заврши со разрешувањата по претседателските избори.

Покрај неговиот автомобил, изгоре и возилото на неговиот татко, а покрај едно од возилата на Тушеви, зафатено е и целосно изгоре паркирано возило на нивен сосед. Од огнот се зафатено уште две други возила, кои поминале со помали штети.

Пожарот во СВР Штип бил пријавен рано изутрината по пет часот.

– Изутрината во 5:25 часот, во СВР Штип е пријавено дека на улицата „Борис Крајгер“ во населбата Сењак се опожарени три возила. Двете се од марка Пасат, сопственост на Н.Т.(32) и на М.Т.(63) и Опел Астра сопственост на О.М.(61), а делумно се опожарени уште две други возила. Увидот е во тек, а со настанот е запознаен и  јавен обвинител – изјави Гордана Панајотова, портпаролка на СВР Штип.

Никола Тушев, кој работи како советник на градоначалникот на Штип, во телефонскиот разговор кратко изјави дека не е тешко да се заклучи и нема сомневање дека пожарот е подметнат.

За попладне во 14 часот, прес конференција закажа актуелниот претседател на СДСМ – Штип, Александар Кангалов.

Инаку, ова не не се први опожарени возила во Штип во изминатите три месеци. Десетина возила се целосно изгорени или оштетени, главно во текот на ноќта, додека се паркирани на улица или на пракинзите пред станбени згради.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …