Изгоре голема површина на трска во Охрид, пожарникарите бараат санкции за сторителите

Изгоре голема површина на трска во Охрид, пожарникарите бараат санкции за сторителите

Територијалната противпожарна единица Охрид (ТППЕ Охрид) информираше дека  во текот на вчерашниот ден интервенирале на два пожара на отворен простор во градот, при што била изгорена голема површина на трска каде живеат голем број на птици и животни.

Од ТППЕ Охрид велат дека пожарникарите го гаснеле пожарот повеќе од четири часа, при што биле опожарени и овоштарници, а постоела и опасност да се загрозат околните куќи.

„Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати. Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид – Дебрца“, се вели во соопштението на охридската пожарна.

Од таму апелираат дека мора да бидат санкционирани сторителите кои ги подметнуваат пожарите.

Прочитајте повеќе

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Kоалицијата предводена од СДСМ освои 18 мандати во Собранието, што е најниска бројка од досегашните …