Изгоре маж во гаража во центарот на Прилеп

Изгоре маж во гаража во центарот на Прилеп

Денеска околу 16 часот, во Територијалната противпожарна единица – Прилеп била примена пријава за настанат пожар во гаража. На местото на настанот, на улица „Никола Карев“ бр.37, биле испратени две противпожарни возила, но кога пристигнале пожарот веќе бил изгаснат, а во гаражата било затекнато јагленисано тело.

Соседите велат дека од гаражата прво слушнале расправија, а недолго после тоа од неа почнал да излегува чад. Кога притрчале до гаражата, виделе дека нивниот сосед М.К.(65) за кого рекоа дека имал одредени психички пробеми, е во пламен. Се обиделе да го гаснат со песок, но веќе било предоцна.

На местото на настанот излезе јавен обвинител. Истрагата ќе покаже дали станува збор за несреќен случај, самоубиство или пак за убиство.

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …