ИЗЛОЖБАТА „МОСТ“ ПРЕТСТАВЕНА ПРЕД РЕСЕНСКАТА ПУБЛИКА

ИЗЛОЖБАТА „МОСТ“ ПРЕТСТАВЕНА ПРЕД РЕСЕНСКАТА ПУБЛИКА

Уште еден производ на заедничката соработка на Домовите на култура од Ресен и Кавадарци, беше реализиран преку отворањето на меѓународната изложба „Мост“, која по престојот во Кавадарци, од синоќа е поставена во изложбениот салон на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

Директорот на Домот на културата во Ресен, Васко Василевски истакна дека соработката на двете културни институции трае подолго време, но е значајно интензивирана во изминатиот период.

„Размената на културните вредности за нас, како Домови на култура е од огромно значење, особено што ние припаѓаме на локалните самоуправи. На овој начин, преку театарски претстави, изложби, музички творци итн, им ги приближуваме културните настани на жителите на двете општини. Оваа изложба верувам дека и во наредните денови, додека трае поставката во Изложбениот салон на Ресенскиот Сарај, ќе биде посетена од голем дел од нашите сограѓани“, посочи Василевски.

Меѓународната изложба “Мост” на академските сликари од Балканот Фатон Кријезиу, Али Синани и Шабан Олан, како и на авторите Крсте Шупев, Нермин Чеман, Немања Величковиќ и Филип Новески, со симболичен наслов, го претставува мостот на патувањата низ различни хоризонти со спојување во една точка. Преку изложбата, низ различните стилски концепти сликарите ги  презентираат своите држави, Македонија, Турција, Србија и Црна Гора, и ги рефлектираат нивните автентични култури и традиционални вредности, кои се слеваат во една универзална матрица.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …