Претседателот Пендаровски ги прими словачкиот амбасадор Маркуш и македонскиот библиограф Лекоски

Претседателот Пендаровски ги прими словачкиот амбасадор Маркуш и македонскиот библиограф Лекоски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачката Република во Република Северна Македонија и Стојан Лекоски книжевен преведувач и библиограф кој 15 години живее и работи во Словачка.

Во март годинава Лекоски беше одликуван со Медал за заслуги за Македонија, за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Република Словачка, како и за унапредување на пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Словачка.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави и беше констатирано дека развојот на соработката бележи континуиран позитивен тренд во сите области од заемен интерес, што пак е потврда за силните политички, историски и културни врски меѓу Северна Македонија и Словачка.

 Соговорниците ја нагласија важноста од негувањето на културно-духовната врска меѓу двете држави, бидејќи размената на овие вредности е клучна во натамошното градење на заемната почит поддршка и разбирање.

 Во тој контекст, претседателот Пендаровски подвлече дека Северна Македонија високо ја цени силната заложба и конкретната поддршка од Словачка во однос на нашите евроатлантски интеграции нагласувајќи дека интегрираниот и безбеден регион е еден од основните предуслови за стабилна и просперитетна Европа.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …