Денови на хуманост во Делчево: Промовирана новата книга на поетесата Ана Дедова

Денови на хуманост во Делчево: Промовирана новата книга на поетесата Ана Дедова

„Везот на животот“ новото дело на поетесата Ана Дедова, денеска беше промовирано во Делчево во рамките на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана од Општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“. На овој настан, љубителите на пишаниот збор и лицата со хендикеп кои се специјални гости на оваа промоција, имаа можност да се запознаат со оваа млада авторка која својот физички хендикеп го облагородува со прекрсани стихови докажувајќи уште еднаш дека кога нешто сакаш од дното на душата, тоа можеш да го оствариш и никакви физички препреки не можат да ти застанат да патот кон успехот.

За промоторот на книгата Славица Цветкова, Ана е инспирација за сите нас дека сонот треба да се следи.

-Низ едно поетско зреење Ана Дедова ги создаде книгите „Охридски бисер“, „Илузија“, „Твоето ангелско лице“, а годинава „Везот на животот“. Оваа нова книга со поезија ги носи стиховите навезени од нејзиниот живот, излеани од срце и душа. Лајт-мотив на оваа збирка е љубовта кон саканиот, родниот град и семејството. Сиховите се кристално јасни без непотребно украсување и патетика. Иако напати чувствува болка, секогаш успева да се задржи на нозе, рече Цветкова.

За рецензентот Виолета Сековска, ова дело е уште една светлина во македонската поезија.

-Љубовта е алфа и омега во поезијата на Ана. Јазикот е магија јазик. Како светлосен конец ги везе песните, а тие и во најтемната душа прават светлина. Сетилата како стражи заземаат духовно местожителство, нечујно-чујно, невозможно-возможно. Целата поезија е натопена со љубов и восхит како гранка на бесконечност, вели Сековска.

Ана е амбасадор на македонската култура во Хрватска и мошне успешно го владее хрватскиот јазик. Есента 2017 година таа беше ѕвезда во хрватските медиуми, консументите на поезијата уживаа во стиховите од стихозбирката „Твоето ангелско лице“ на хрватски јазик која Ана и го посвети на познатата ѕвезда Данијела Мартиновиќ чиј фан повеќе од две децении.

По повод светскиот ден на лицата со хендикеп, средствата од продадените книги од промоцијата Ана ги подари на Дневниот центар за лица со хендикеп во Делчево.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …