Јанкулоска- Дома сум, не ми паѓа на памет да бегам

Јанкулоска- Дома сум, не ми паѓа на памет да бегам

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил напиша дека не и паѓа на памет да бега. Постот на Јанкулоска следи откако дел медиуми шпекулираа за можно бегство на поранешната министерка, откако вчера Врховниот суд донесе одлука таа да оди во затвор.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкулоска на Фејсбук.

Врховниот суд вчера ги отфрли жалбите поднесени од осудените во случајот „Тенк“, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски и ги потврди пресудите изречени од Апелациониот суд.

Во случајот „Тенк“, што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, за незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“, првостепено беше осудена поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на затворска казна од шест години, која Апелацискиот суд ѝ ја намали на четири години.

И Попоски има казна затвор од четири години, а Груевски казна од две години затвор. Груевски за време на судењето за случајот избега во Унгарија каде доби азил.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …