Јавниот сектор во генерален штрајк, ќе работат 10 проценти од вработените

Јавниот сектор во генерален штрајк, ќе работат 10 проценти од вработените

Сојузот на синдикати на Македонија денеска организира генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. Претставници на ССМ и на Владата вчера разговараа во врска со барањата за линеарно зголемување на платите на јавната администрација за 2.806 денари и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од платата од наредната година. Како што информираа од ССМ, состанокот бил на предлог на Владата. Бидејќи не бил постигнат договор со Владата, јавната администрација стапува во генерален штрајк.

Штрајкуваат управата, правосудството, здравството, МВР, комуналните претпријатија и други, со тоа што ќе бидат на работните места, но нема да работат. Итните и работите кои се неопходни за да не се загрози здравјето, животот и личната сигурност на вработените и на граѓаните ќе ги одржуваат 10 проценти од вработените.

Според утврдените правила за штрајк, штрајкувачите по еден час ќе излегуваат надвор од работните простории, а претставниците на ССМ ќе наредат 120 столчиња пред Собранието, колку што има пратеници и ќе одржат протест. Завчера пропадна една од шансите за остварување на барањата кога Комисијата за финансирање и буџет не го одобри амандманот на ССМ поднесен преку ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараше со ребалансот на буџетот да се обезбедат средства за бараното зголемување на платите на административците.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …