обвинителство

Јавното обвинителство со индикации дека д-р Жан Митрев може да ја напушти државата

Доктор Жан Митрев денеска бил повикан на распит во Основното јавно обвинителство од Скопје, во врска со предметот кој беше отворен по сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација. Kaко што информираат оттаму, по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство денеска донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација. Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката“, наведено е во соопштението од обвинителството.

На 18 јули Јавното обвинителство оформило предмет, во кој постојат индиции дека клиниката „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без да пријави и без соодветно да ги информира пациентите, а обработуваа и смртни случаи кои се јавиле по појава на неколку опасни бактериски инфекции.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …