ЈКП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА”- ПРИЛЕП ЈА ДОВЕДУВА ПРИ КРАЈ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА НА УЛ.“МАРА ЈОСИФОСКА”

ЈКП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА”- ПРИЛЕП ЈА ДОВЕДУВА ПРИ КРАЈ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА НА УЛ.“МАРА ЈОСИФОСКА”

ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп интензивно работи на реконструкција на старите водоводни мрежи на повеќе локации, со цел да се обезбеди чиста и технички исправна вода за пиење, а со тоа подобар живот на граѓаните во град Прилеп.
ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп на улица “Мара Јосифоска”  реконструираше околу 200 метри водоводна линија на која се поставени полиетиленски цевки дн90, а со тоа се заменети старите азбесни цевки дн50. На новата мрежа се поврзани сите куќни приклучоци. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа планирана е и реконструкција на канализационата мрежа на истата улица.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …