Јованоски: Славејќи го Божик, ја славиме љубовта и мирот меѓу сите луѓе во светот

Јованоски: Славејќи го Божик, ја славиме љубовта и мирот меѓу сите луѓе во светот

Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод раѓањето Христово, Божик

Денеска, кога го славиме раѓањето Христово, се потсетуваме на неговото големо дело кое го упати целото човештво на патот на правдата и вредноста на човечкиот живот.

Христовото раѓање, Божик, е еден од најголемите христијански празници кои ги зближуваат луѓето меѓу себе. Славејќи го Божик, ја славиме љубовта и мирот меѓу сите луѓе во светот.

Овој празник не’ учи да ги следиме моралните и етичките закони, да ги потврдиме нашите заложби за почитување и негување на различностите и не’ инспирира во секој миг да го даваме нашиот придонес кон мирот и напредокот на нашата татковина.

Од името на Општина Прилеп и од мое лично име, на сите граѓани со православна вероисповед им го честитам раѓањето Христово, Божик и им посакувам многу здравје, љубов, среќа и бериќет. Воедно, славејќи ги Божикните празници во кругот на нашето најтесно семејство, ќе покажеме свесност и лична одговорност во справувањето со пандемијата на Ковид-19. Само на тој начин, ќе си помогнеме и себеси и на најблиските, и ќе создадеме услови следниот Божик да го прославиме согласно обичаите и традицијата.

Честит Божик!

Христос се роди!

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Денеска преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските …