Смилковско езеро

Јовески: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес

Најзначајно од сѐ, е тоа што сторителите на ова тешко дело се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази во законита постапка, вели републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Деновиве Обвинителството е во фокусот на јавноста заради „Јавна соба“, но уште повеќе заради „Монструм“, случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Разговорот со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, нѐ наврати на потегот на обвинителката Лилјана Спасовска, која во 2017 година предложи Врховниот суд да ги укине пресудите на првостепениот и второстепениот суд за доживотен затвор на обвинетите во „Монструм” и предметот да го врати на повторно одлучување. Тоа го образложи со неутврдена фактичка состојба, со евентуално постоење на прислушувани разговори кои ги поседува СЈО а кои би можеле да го сменат текот на постапката, но и поради жалбите на одбраната на осудените за вештачењата, како и за различните искази на заштитен сведок. Врховниот суд го прифати предлогот, но денес во јавноста тлее впечатокот дека повторениот процес не донесе ништо ново, освен закани кон обвинителите, и повторување на старите обвинувања за монтиран процес.

ДВ: Случајот почна со протести и обвинувања за монтиран процес, така и завршува.Од аспект на правдата, што добивме, што изгубивме?

Јовески: Пред се би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека на одбраната не и е овозможен увид во возилото со што е повреден принципот на еднаквост на оружјето, но и на други околности од утврдената фактичка состојба. Според тоа, без разлика на предлогот на јавниот обвинител по жалбата, очигледно е дека во конкретниот случај и Врховниот суд утврдил дека основано е да се уважат жалбите и предметот да се врати на повторена постапка.

Nordmazedonien Proteste in Skopje gegen ein Gerichtsurteil

Не се согласувам со вашата констатација дека при повторената постапка не се доби ништо ново освен нападите врз јавните обвинители кои го застапуваат обвинението, од причина што за еден обвинет е повлечено обвинението, а за другите обвинети прецизирани се дејствијата од кривичното дело и се подведени под соодветна правна квалификација. Според тоа во оваа постапка, по мое мислење, отстранети се противречностите и сомневањата во однос на извршеното неправо и конкретната кривична одговорност на обвинетите.

Повторената постапка со утврдување на сите релевантни факти за делото на обвинетите и нивната кривична одговорност ги отстрануваат сомнежите дека се работи за монтиран процес. Обвинителството е гарант за законитоста во кривичното право и не може да премине преку случаи во кои постои сомневање во делот на утврдените факти и правилна примена на правото. Имајте предвид дека јавните обвинители, имаат обврска, не само да ги гонат сторителите на кривичните дела, туку и да ги гарантираат правата на сите странки во постапката, да бараат и изведуваат докази кои се против, но и оние кои одат во прилог на осомничените. Притоа, како што можеше да се забележи и од завршните зборови на јавните обвинители, на рочиштето кое беше јавно, обвинителството изнесе фактичка состојба која е поинаква од изложеното во укинатата пресуда и поинаква кривична одговорност на обвинетите.

ДВ: Уште пред да се изјасни Врховниот суд, во експертската јавност имаше оценки дека евентуалната нова проверка на „Монструм” ќе го провери и судството. Денес, кога тој процес е пред крај, според вас, кој го положи испитот?

Правото и правдата. Нема победници, ниту губитници во судскиот случај. Заради жртвите и оштетените, извршителите мора да се изнесат пред лицето на правдата. И тоа да е сторено на законит начин и  со цврсти и издржани докази. Најзначајно од сѐ, е тоа што сторителите на ова тешко дело се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази во законита постапка.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …