ЈП ПУП Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ лаже, автобусите се набавени во законска постапка на меѓународен тендер

Реакција на в.д. директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање – Прилеп, Марија Цветаноска на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ: 

Почитувани,

Наместо да се одважат и да ја поздрават набавката на нови и современи автобуси на метан за јавниот превоз во Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ втор ден по ред со лажни вести и конструкции ја дезинформира прилепската и пошироката јавност.

Се’ што ВМРО-ДПМНЕ кажа на денешниот прес, се’ излажа.

Вистината е дека четирите нови автобуси на метан се набавени на меѓународен тендер, согласно прописите на Бирото за јавни набавки, на којшто се пријави само еден понудувач, кој нема обврска да ја намалува цената.

Полнењето на автобусите со метан, е во согласност со распишаната јавна набавка каде беше предвидена можност горивото да се точи на станица не подалеку од 50 километри.

Не постојат никакви неправилности, фамилијарни врски или било какви други незаконски дејствија, поврзани со набавката на новите автобуси на метан.

Таквиот начин на функционирање, зделки во 4 очи и криминални набавки на штета на општинскиот буџет, беа карактеристика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Најдобар доказ за тоа е токму набавката на старите и дотраени автобуси, набавени од страна на претходната локална власт, кои секојдневно се расипуваат и чие одржување секоја година го чини Јавното претпријатие повеќе од 150.000 евра.

Чии интереси биле во позадина на набавка на старите и дотраени автобуси, најдобро знаат во ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Фактите зборуваат дека граѓаните на Прилеп конечно добиваат современи, модерни и удобни автобуси за јавен превоз, каков што заслужуваат.

Уште еднаш ја користиме приликата и ги повикуваме граѓаните на општина Прилеп, како и почитуваните од ВМРО-ДПМНЕ, да присуствуваат на утрешната промоција на новите автобуси во 11 часот на булеварот „Гоце Делчев“ и самите да се уверат во нивната беспрекорната состојба.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …