ЈПКД „Брегалница“ набави нова машина за чистење снег

ЈПКД „Брегалница“ набави нова машина за чистење снег

Снегот од тротоарите и јавните површини  ЈПКД „Брегалница“од Делчево од денеска ќе го чисти со современа машина за чистење снег. Машината денеска пристигна во дворот на ЈПКД „Брегалница“ и според спецификациите, располага со фреза со пречник од 107 см и плуг за чистење снег од 120 см. Инвестицијата е вредна 250 илјади денари, средства се обезбедени од претпријатието, а набавката е согласно со Бизнис- планот за 2019 г.

Директорот на ЈПКД „Брегалница“, Стојче Стојковски, истакна дека со набавката на оваа машина целосно ќе биде покриено зимското одржување на тротоарите и јавните површини кои се во надлежност на претпријатието.

-Претпријатието веќе располага со една машина за чистење снег која е со пречник од 75 см и која не ги задоволуваше потребите. Со оваа набавка, работата на терен ќе биде ефикасна, и ние благовремено ќе одговараме на предизвиците, рече Стојковски.

По подолг период, ова е прва инвестиција на ЈПКД „Брегалница“ со која се обновува возниот парк со што се намалуваат трошоците за одржување на старите машини, а се зголемува ефикасноста во работењето. Согласно со бизнис-планот, ЈПКД „Брегалница“ за 2019 година има планирано набавка и на други машини.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …