Како до полесен пристап на жените на пазарот на трудот?

Како до полесен пристап на жените на пазарот на трудот?

Во периодот мај-декември 2018 година, женската граѓанска иницијатива КЛЕА Битола, го реализираше проект „Олеснат пристап на жените до пазарот на трудот“. Овој проект финансиски беше поддржан од страна на Општина Битола, а беше реализиран како дел од Акцискиот план за економско јакнење на жените во оваа општина. Активностите при реализација на проектот ги следеше советничката во Советот на Општина Битола, Ристенка Алтипармаковска, како член на комисијата за Еднакви можности на жените и мажите во Советот на Општина Битола.

Главна цел на овој проект е интегрирање на невработените жени од ранливите групи од општина Битола на пазарот на трудот, преку нивно оспособување  за користење на владините мерки за вработување и прилагодување на потребите на пазарот на трудот

Според податоците добиени од АВРМ, во општина Битола заклучно со јули 2016 година имало вкупно 5.826 невработени лица, од кои 2.887  биле жени и 2.939 мажи.

Иако навидум изгледа дека жените и мажите подеднакво се справуваат со невработеноста, реалноста е поинаква.

Едно од најзначајните прашања за родова еднаквост во општина  Битола е економското јакнење на жените и нивното учество на пазарот на труд.

Во контекст на тоа, ЖГИ КЛЕА како дел од проектот, ги спроведе следните активности:

  1. Анкета на 100 невработени жени од ранливи категории, активни баратели на работа, за  нивната информираност за понудените владини мерки за вработување. Добиените податоци од анкетираните жени ги покажуваат следните резултати:
  • 96 жени се активни баратели на работа а 4 се пасивни
  • 61 жена се од град, а 39 од рурална средина
  • 33 жени примаат социјална помош
  • Години на невработеност:
бр. години бр. жени
0 23
1 31
2 10
3 5
4 10
5 7
7 3
8 3
9 2
11 2
12 3
20 1

 

  • 40 жени се информирани за владините мерки за вработување
  • 34 жени се информирани од вработените во АВРМ, 1 жена од веб страната на АВРМ, 6 жени не биле заинтересирани
  • 72 жени немаат аплицирано за владините мерки за вработување и тоа од следните причини:

23 жени немаат образование или се со основно образование, 9 жени поради здравствени причини, 2 жени примаат социјална помош, 9 жени поради немање превоз од рурална средина и 8 жени поради сезонска работа

  • користење на владините мерки е следно:
владина мерка бр. жени
англиски јазик           2
компјутери           4
самовработување           5
персонални асистенти           3
масерки           1
негователки           2
козметичарки           3
опш.корисна работа           1

Заклучок: Добиените податоци покажаа дека 60% од жените не се информирани за активните мерки за вработување. Од оние кои се информирани најголем дел се информацијата ја добиле од вработените од АВРМ. Разгледувајки ги мерките кои се искористени од страна на невработените жени, само 5% ги искористиле за самовработување кое најверојатно се должи на ниската самодоверба на жените од ранливите групи и специфичноста на самата група на жени кои најчесто се без можност за поддршка од семејството.

  1. Градење капацитети на 30 невработени жени од ранливите групи од Општина Битола преку едукација
  • На 06.12.2018год.во х.Премиер центар се одржа работилница на тема родова еднаквост, зголемување на самодовербата и комуникациски вештини. На работилницата присуствуваа 23 жени од ранливи категории, активни баратели на работа. Обучувачи на работилницата беа Виолета Димовска и Жаклина Сервини, членки на ЖГ КЛЕА.
  • На 13.12.2018год.во х.Премиер центар се одржа работилница на тема Афирмација и промоција на можностите што ги нудат владините мерки за вработување. На работилницата присуствуваа 22 жени од ранливи категории, активни баратели на работа. Обучувач на работилницата беше Јулијана Поповска, од АВРМ Битола.

Од реализираните активности добиени се следните резултати:

  • Согласно меѓународните и националните стандарди со кои се уредува полето на вработување, секој граѓанин има право на вработување и пристап до пазарот на трудот. Правото на вработување го гарантира државата преку спроведување на активности и воведување на политики и мерки  што ќе овозможат пристап до пазарот на трудот, особено на  ранливите категории на граѓани. Зголемена информираност за владините мерки за вработување значи нивна поголема искористеност од страна на невработените граѓани, со посебен акцент на жените од ранливите категории.
  • Актуализирање на проблемот во заедницата
  • Зголемени капацитети на невработените жени од ранливите групи од општина Битола
  • Поголема комуникација помеѓу локалната самоуправа, Агенцијата за вработување и невработените жени од ранливите групи од општина Битола

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …