општина охрид

Охридските советници денеска ќе избираат в.д. градоначалник

Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа, кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата градоначалник на Охрид, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.

Во моментов во Општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може Опшината да функционира, ќе се избира в.д. градоначалник.

За денеска во 11 часот претседателката на Советот, Живка Ангелоска, свика вонредната седница на Советот на општината. На дневниот ред е само една точка односно „Избор на вршител на должноста градоначалник на општина Охрид“.

Избори за градоначалник распишува Собранието кое Освен за Охрид треба да распише избори и за Дебар и Ново Село.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …