Премиерот Заев присуствуваше на мисата во централната католичка црква во Скопје

Премиерот Заев присуствуваше на мисата во централната католичка црква во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, присуствуваше на црковната служба со која по повод празникот Христово раѓање – Божик, во храмот „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Македонија.

На мисата во централната католичка црква во Скопје, присуствуваа и членовите на Владата на Република Македонија, заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, и заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев.

По повод празникот Христово раѓање – Божик премиерот Заев упати писмо со честитки до сите припадници на Католичката црква и до сите Христијани што денеска го слават Христовото раѓање, во кое се вели:

„Убавината и топлината на пораката за Божик – Христос се роди, нека ги исполни уште еднаш со радост и топлина срцата на сите верници од Католичката црква и православните Христијани кои денеска го слават големиот празник – Христовото раѓање.

Нека се исполнат со духот на Божик домовите на сите со мир во душите и со радоста на живеењето, и нека не поттикне таа радост со љубов да ја споделиме со најблиските, со пријателите и со секој добронамерник. Да му помогнеме на секој обесхрабрен и неутешен.

Така ќе ја шириме и пораката на Богомладенецот кој стана човек за да го види светот со нашите очи, но постојано да не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме во личности според неговиот образ.

Радоста за време на празникот на Христовото раѓање нека ги поврзе сите граѓани на нашата земја и нашите сограѓани во светот. Со благословот на овој голем христијански празник да ги дочекаме идните денови во нашите домови и заедници исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар“, пишува во писмото по повод празникот Христово раѓање – Божик, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …