КАКО ЕКСПЕРТИТЕ ЈА ГЛЕДААТ ИДНИНАТА НА РЕК БИТОЛА?
dig

КАКО ЕКСПЕРТИТЕ ЈА ГЛЕДААТ ИДНИНАТА НА РЕК БИТОЛА?

Академик Глигор Каневче, кој воедно е и професор емеритус на универзитетот „Св. Климент Охридски“, на Техничкиот факултет во Битола одржа предавање на тема „Очекувани правци на развојот на енергетиката во светот и кај нас – Нови предизвици и можност за РЕК Битола“. На предавањето  присуствуваше градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, како и  високи претставници од академската јавност, директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски, останати раководни лица во овој комбинат, директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски, професори и студенти.

Каневче во своето предавање истакна дека имајќи ги во предвид тековите во ЕУ, но и енергетските регулативи чиј потписник е нашата земја, ќе мора да се прилагоди на брзорастечкиот и променлив енергетски систем. Насоката на ориентација пред се треба да бидат обновливите извори на енергија, големите хидроелектрани, фотонапонските ќелии, чија цена постојано опаѓа и ветерните електрани. Според него, останатите извори на енергија полека ќе се намалуваат, вклучувајќи го и природниот гас, чија употребливост по 2045 година ќе опаѓа.

Градоначалничката Петровска, активно беше вклучена во дискусијата и се интересираше за можните енергетски чекори на Општина Битола. Каневче сепак, упати апел термоелектраната РЕК, во соработка со Општина Битола, ЕЛЕМ и Владата, во следните 10 години да преземе мерки за преориентација на производството на електрична енергија преку други извори, а притоа да го запази моментот на истиот број на вработени лица во комбинатот.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …