Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ одбележан Денот на артилерискиот баталјон

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ одбележан Денот на артилерискиот баталјон

Денеска во касарната „Мирче Ацев“ беше одбележан Денот на артилерискиот баталјон. На манифестацијата по повод 27 годишнината од формирањето на артилерискиот баталјон, присуствуваше градоначалникот Илија Јованоски, високи претставници од АРМ, поранешни команданти, претставници од Сојузот на борци, претставници од јавниот и приватниот сектор, како и Вториот мешовит артилериски полк – првата артилериска единица по создацањето на АРМ, кој во 1992 година е формиран во прилепската касарна.

По повод денешното одбележување на Денот на артилерискиот баталјон, пред присутните се обрати командантот на артилерискиот баталјон, потполковник Ѓорѓи Василески кој им го честиташе празникот на припадниците на артилерискиот баталјон, осврнувајќи се на историјата на единицата, реализираните активности и постигнатите резултати во изминатиот период.

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ одбележан Денот на артилерискиот баталјон„Обучени сме за извршување на борбени задачи преку пружање на масовна, брза и прецизна огнена поддршка на маневарските единици. Со оган и маневар да се бориме и победиме во целиот спектар на операции, за поддршка на мирот преку учество во ЛПБГ како прв деклариран борбен ентитет на АРМ во НАТО базенот на силите“, рече потполковник Василески. На свеченоста зборуваше и командантот на механизираната пешадиска бригада, полковник Драган Ковачки кој рече дека единицата во својот состав има одлични професионалци со огромно искуство, кои покрај своите редовни обврски и задачи активно учествуваат и во разни проекти и активности организирани од страна на владините институции, локалната самоуправа, јавните и приватните претпријатија и останатите цивилни структури.

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ одбележан Денот на артилерискиот баталјон„Артилерискиот баталјон денес има декларирано и свои единици кои успешно го поминаа НАТО оценувањата ниво – 1 и ниво – 2 од страна на НАТО оценувачките тимови и се оценети со највисоки оценки како дел од средната пешадиска баталјонска група, подготвени за изведување на сите видови на операции во сложени услови надвор од нашата територија и предводени од силите на НАТО“, истакна полковник Ковачки.

Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ одбележан Денот на артилерискиот баталјон

По повод денот на единицата беа доделени стимулативни мерки на припадниците на баталјонот, а водот на потпоручникот Драган Ристевски беше прогласен за најдобар вод, за што го доби преодниот пехар и знаменцето на единицата. Во рамките на денешното одбележување на Денот на артилерискиот баталјон, на Општина Прилеп и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Водовод и канализација“ им беа доделени благодарници за посебен придонес во остварувањето на цивилно воената соработка.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …