Канабисот да може да се одгледува дома, а препарати да препишуваат и приватни лекари, препорачува новата работна група

Канабисот да може да се одгледува дома, а препарати да препишуваат и приватни лекари, препорачува новата работна група

Лекарите од јавното и од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис, но и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување сам да одгледува и да користи канабис во форма која според неговата здравствена состојба најмногу му одговара. Ова било утврдено на синоќешниот прв состанок на владината Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот.

На состанокот, исто така, се донел заклучок дека е потребно да се прошири и листата на специјалистичките гранки во кои канабисот може да се препорачува како лек, што претходно треба да се регулира со прописи од областа на лековите.

„Групата е оформена откако се увиде потребата за координирање на повеќе процеси и иницијативи предложени од професионалните здруженија и граѓанските организации“, соопштија од Владата.

Оттаму додаваат дека иницијатива за подготовки на предлог законски измени и дополнување на законски решенија имаат покренато граѓанскиот сектор, институциите и бизнис секторот, со цел да се обезбеди депенализација и декриминализација на употребата на канабисот за лични потреби, но и да се отвори дискусија за можностите за легализација.

„Во наши услови, тоа подразбира измени и дополнувања во Кривичниот законик, Законот за прекршоците, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, соопштуваат од Владата.

Најавено е дека работната група ќе преземе и иницијативи за информирање и едукација на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис и ќе обезбеди целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни.

На состанокот учествувале претставници од Министерството за здравство, за правда, за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, на онколози, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Здружението на млади кривичари, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата Маргини и други здруженија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …