Ќе се бара кривична одговорност за мајката на седумгодишното дете кое вчера настрада во пожар во Гостивар

Ќе се бара кривична одговорност за мајката на седумгодишното дете кое вчера настрада во пожар во Гостивар

Ќе се проверува евентуална кривична одговорност за мајката на настраданото седумгодишно детенце вчера, во пожарот во зграда во Гостивар. Од ЈО Гостивар информираа дека С.Т. од Ресен синоќа била приведена во полициска станица, под сомнение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ и дека се преземаат дејства за утврдување на евентуална кривична одговорност. Се очекува таа да биде изведена пред судија на претходна постапка, во Основниот суд Гостивар.

С.Т. со своето семејство се доселила од Ресен во Гостивар пред 3 години. За промената на местото на живеењето таа потпишала писмена изјава во Центарот за социјални работи во Ресен. Не била во брачна заедница и сите нејзини 4 деца биле родени вонбрачно. Таткото бил од Гостивар и затоа мајката сакала да се пресели тука со нејзината мајка и сестра.

Ова за Мета.мк го изјави заменик директорката на Центарот з асоцијални работи во ресен, Александра Јосифовска, која рече дека станува збир за самохрана мајка, која додека се водела во социјалниот центар во Ресен, немало никаква информација или дојава за било какви проблеми во тоа семејство.

„Жално е ова што се случи. Во 2018 година ние добивме писмена изјава од мајката, која беше невработена, дека се преселува во Гостивар со својата мајка и сестра. После тоа, единствено што имаме како сознание е нивната нова адреса на живеење. Тука и завршуваат нашите ингеренции, кои преминаа на Центарот во Гостивар. Во Ресен ова семејство не користеше никакви социјални права, односно парична помош“, вели Јосифовска.

Од Хелсиншки комитет за човекови права ни изјавија дека испратиле допис до Министерството за труд и социјална политика и чекаат одговор за околностите и фактите за настраданото дете во пожарот. Според директорката Уранија Пировска, неспорно е дека станува збор за кривично дело, со оглед дека Обвинителството утврди дека детето било врзано со синџир за нозете и се задушило во пожарот и ако се потврди тоа, на родителот треба да му се одземе родителското право.

Вчера во 8 часот утрото, СВР Тетово информира дека како последица на пожар во зграда на улица „Кеј Вардар“, со повреди се здобиле 35-годишната С.Т. и нејзино малолетно дете, кои биле пренесени во гостиварската болница. Констатирана била смрт на детето, а С.Т. била пуштена дома. По наредба на обвинител, телото на  дететото ќе биде дадено за обдукција.

Според ЈО на РСМ, првичните сознанија на лекарскиот тим упатиле дека детето за време на пожарот било врзано со синџир на нозете, а според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието по осамостојувањето

Почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието по осамостојувањето

На првите повеќепартиски избори во 1990 година е избран за собраниски пратеник. Претседател на Собранието …