Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ се нервозни бидејќи знаат дека правдата им чука на врата

„ВМРО-ДПМНЕ се нервозни оти знаат дека правдата им чука на врата. Обвинителството побара одземање на партискиот имот, затоа што украдоа огромна количина народни пари“, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија, која од жолта куќа стана бела палата, во која има кинески лустери од 22.144, подни плочки и лајсни од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра.

„Втора причина за нервозата во ВМРО-ДПМНЕ е можноста Македонија конечно да ги отпочне преговорите со ЕУ“, рече Коциќ, додавајќи дека тоа се гледа со блокадите што се прават, што најавуваат протест на 18 јуни, по одлуката на ЕУ и сакаат да прикажат дека Македонија е нестабилна држава.

Пратеникот на СДСМ Коциќ истакна дека настаните од 24 декември и од 27 април не смеат да се заборават.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дозволиле нивните колеги да бидат исфрлени и дозволиле маса народ нахушкана од Белата палата да влезе и да тепа и проба да убива пратеници, со тоа се директни учесници и имаат вина“, рече Коциќ и потсети дека и претседателот на собранието Талат Џафери кажа дека нема да дозволи да се повтори 24 декември.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од јавноста за оваа блокада што ја прават и се осврна на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период.

„Ќе се направат две години од 15 јули 2020 година од кога ВМРО-ДПМНЕ собира 61 пратеник. После загубените избори тврдеа дека тие ќе бидат оние кои ќе ја формираат владата, а не победниците СДСМ и коалицијата ‘Можеме’, очигледно тоа не им успеа. Продолжија со блокада на Собранието се’ до 11 ноемви минатата година, кога повторно не успеаја да соберат 61 пратеник и преминаа во ново сценарио, а тоа е желбата да се предизвика инцидент во собранието, во кој ќе се прикажат како жртви“, наведе Коциќ.

Тој нагласи дека под блокада на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не е само изборот на уставни судии, туку и шеесетина закони, во интерес на граѓаните.

„Работата на пратениците е да носат закони во интерес на граѓаните, а секоја блокада на законите е блокирање на интересот на граѓаните“, порача пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Прочитајте повеќе

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис

Проверувачите на факти играат витална улога во заштитата на демократијата и во обезбедувањето пристап на …