Кои се Јеховините сведоци?

Кои се Јеховините сведоци?

Смртоносните истрели на собир на Јеховините сведоци во Хамбург ја шокира Германија. Кои се клучните белези на оваа религиозна заедница?

Храмот на Јеховините сведоци во Хамбург во четвртокот вечерта (09.03.2023) стана сцена на крваво насилство. За време на собир со истрели се убиени или ранети повеќе луѓе. Истрагата смета декаделото го извршил поединец, а многу луѓе сега се прашуваат:

Кои се Јеховините сведоци?  

Јеховините сведоци се сметаат себеси за вистински христијани и се молат на „сeмоќниот и вечен Бог“ Јехова. Притоа, Јехова се смета за невидлива личност, која егзистира независно од луѓето, но пројавува личен интерес за секој поединечен човек. Јеховините сведоци го сметаат Исус Христос за прво и единствено од самиот Бог создадено битие.

За нив постои само една вистина, а таа се наоѓа во Библијата. Од нивен аспект, таа го содржи зборот Господов, ослободен од заблуди и противречности. Јеховините сведоци сепак се убедени дека Библијата е компатибилна со науките и го претставува најдобриот вовед во етиката и моралот.

Во средиштето на објавата на Јеховините сведоци се наоѓа нивното верување дека судниот час веќе настапил, а тие како религиозно малцинство се соочени со преголемо мнозинство кое се наоѓало под власта на сатаната. Како посебно избрана заедница, тие ќе бидат спасени во еден нов свет.

Јеховините сведоци се познати во јавноста првенствено по нивната изразита мисионерска активност, во која спаѓа понуда на бесплатни курсеви за запознавање на Библијата и раздавање на списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се“. Но, тие со своите проповеди се присутни и на интернет.

Религиската група ги објавува своите текстови на својата веб-страница на преку 1000 јазици и ги става бесплатно на располагање во форма на пишан, фотографски, аудио и тонски материјал.

Јеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв, а ги отфрлаат и сите религиски празници. Од верски причини, се сметаат себеси за политички неутрални и затоа не учествуваат на избори. Во светот има околу осум милиони Јеховини сведоци, а нивната „светска централа“ се наоѓа во Њујорк.

Јеховини сведоци Германија
Мисионерска активност: Јеховини сведоци во обид да придобијат нови следбеници

Каква улога играат Јеховините сведоци во Германија?

Јеховините сведоци се најпознатата христијанска посебна заедница во Германија. Поради строгите школувања, меѓусебните контроли и очекувањето на скората пропаст на светот, се сметаат за секта. Според наводите на Евангелистичката централа за прашања посветени на различните светогледи, бројот на членови кај Јеховините сведоци стагнира, делумно и опаѓа. Со околу 200.000 членови, германската заедница на Јеховини сведоци меѓутоа сѐ уште се вбројува во најголемите во Европа.

На 10. февруари 2006. година Јеховините сведоци во Германија добија официјален правен статус на верска заедница, што на организацијата ѝ овозможува да собира данок од своите членови и да ги организира внатрешните црковни структури според свои посебни правила.

Добиениот официјален правен статус на верска заедница се смета за доцно признавање на преживеаните страдања. За време на националсоцијалистите, Јеховините сведоци одбивале да му се заколнат на диктаторот Адолф Хитлер, поради што биле изложени на прогони. Стотици нивни членови биле однесени во концентрациони логори и убиени за време на „Третиот рајх“.

„Стражарска кула“ - брошура на Јеховини сведоци
„Стражарска кула“ – брошура на Јеховини сведоци

Која е нивната историја?

Строго организираната група, финансирана од донации, била формирана на крајот на 19. век од претприемачот Чарлс Тејз Расел (1852. bis 1916.). Историски, Јеховините сведоци се доцен резултат на христијанските обновителни струења од средината на 19. век во САД. Во ова време тие настануваат како контрапункт на бројни протестантски религиски заедници. Во фокусот на нивното учење се наоѓа свртување кон индивидуалното верско доживување, како и строго христијански, кон Библијата ориентиран начин на живот.

Колку се раширени низ светот?

Со децении Јеховините сведоци беа една од светски најбрзорастечките религиски заедници. Но, од средината на 1990-те години бројниот раст е успорен. Јеховините сведоци тврдат дека во годините пред 2015. година годишно во светски размери добивале по 250.000 до 300.000 нови следбеници. Според Евангелистичката централа за прашања поврзани со погледот на свет, Јеховините сведоци бележат впечатливо бројно зголемување во Источна Европа и во Латинска Америка.

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …