Колева: Во период на големи предизвици, изборот на ова Влада е најдоброто решение

Колева: Во период на големи предизвици, изборот на ова Влада е најдоброто решение

Пратеничката на СДСМ, Даниела Колева, во рамките на собраниската седница, посветена на изборот на новата Влада од собраниската говорница истакна дека врз основа на искуството, капацитетот и богатото портфолио на секој од кандидатите за министри и мандатарот, нема никаков сомнеж дека следните години, токму од нив ќе бидат поставени уште повисоки стандарди за тоа како треба да води, да работи, да соработува и да се однесува еден висок функционер.

Главна цел во наредниот период во кој ние како држава но и целиот свет се соочуваме е справување со ефектите од пандемијата со ковид-19 врз економијата и енергетската криза, а клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со забрзување на стапките на економски раст, порача Колева.

Таа додаде дека ќе продолжи континуираната исплата на платите, пензиите и социјалната помош како и до сега, а тие ќе растат во сите сектори.

Приватниот сектор и најпогодените дејности и области и понатаму ќе бидат финансиски поддржани, рече Колева.

Таа нагласи дека стапката на невработеноста, која во моментов е на ниво од 15,7 % што е најниско ниво во поновата македонска историја, а се планира стапката на невработеност во 2024 да достигне 11,4 % додека за првпат да влезе во едноцифрена зона од 8,6 % до крајот на 2026 година.

Порастот на минималната плата ќе продолжи, а просечната плата ќе се зголеми за над 3.100 денари или за 50 евра повеќе на месечно ниво, до крајот на мандатот на Владата, проектираме просечната плата да изнесува 34.000 денари, базирано на континуираниот раст на просечната нето плата во изминатиот период, рече Колева.

Во однос на енергетската криза, Колева рече дека нашата држава се најде во незавидна состојба, поради долгиот период, без нови и конкретни енергетски инвестиции.

Ова е голем предизвик и огромен поттик за Владата уште поенергично и посериозно да се посвети на инвестиции во енергетскиот сектор со фокус е на обновловите извори на енергија, истакна Колева.

Таа додаде дека АД ТЕЦ Неготино ќе биде дел од АД ЕСМ и во најкус рок ќе биде трансформиран и прилагоден да работи на природен гас, АД ЕСМ ќе ја спроведе третата фаза од ревитализацијата и модернизацијата на големите хидроелектрани, ќе продолжи втората фаза од тендерската постапка за избор на најповолен понудувач за изградба на ХЕЦ Чебрен .

Во првите три месеци од новиот мандат до Собранието ќе бидат доставени неколку закони за реализација на стратешките инвестиции: Ветерен парк Вирови, Сончев парк Стипион , Сончев Парк Ерџелија, Сончевите паркови во Долни Балван, Штип и Пехчево, истакна Колева.

Пратеничката Даниела Колева нагласи дека за наредниот период веќе се обезбедени средства за рехабилитација на над 450 километри локални патишта и улици, ќе продолжи финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од околу 200 милиони евра, додавајќи дека во фокусот на новата Влада се младите и младинските политики, унапредување на здравствениот сектор со приоритет за изградба на нов клинички центар во Скопје, изградба на нов клинички центар во Штип како и реконструкција на ЈЗУ низ целата држава.

Во период во кој не очекуваат големи предизвици потребно е заеднички да ги изнаоѓаме најдобрите решенија , потребно е обединување, потребно е најдоброто решение а тоа е оваа Влада која со својата одлична програма, со целиот свој капацитет ќе реализира високи но реални и достижни цели, порача пратеничката Даниела Колева.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …