Компанијата на Мицкоски добила земјиште од Владата на Груевски кога тој му бил советник

Компанијата на Мицкоски добила земјиште од Владата на Груевски кога тој му бил советник

Прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Денеска јавноста ќе дознае зошто антизападниот пион Христијан Мицкоски три дена се крие од јавноста и одбива да одговори за шемите со неговиот ментор, носителот на криминалот Никола Груевски.

Антизападниот пион Христијан Мицкоски добил долготраен закуп на речиси 33 илјади метри квадратни-земјиште, од Владата на неговиот ментор, Никола Груевски, и тоа во време кога му бил советник за енергетика!

Еве ја Одлуката објавена во Службен весник.

На 1-ви декември 2015 година, во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски, по пат на непосредна спогодба, од Владата на истиот тој Никола Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, во Катастарската општина Пехчево.

Земјиштето, сопственост на Република Македонија, од Владата на Груевски е доделено на конзорциумот во кој што е и фирмата каде сопственик е Мицкоски, „Енерготек ДОО Скопје“.

Ова е класичен судир на интереси. Во тоа време, декември 2015 година Христијан Мицкоски му бил советник на тогашниот премиер на Владата, Никола Груевски, и тоа за енергетика.

Ова се шемите на антизападниот пион Мицкоски и неговиот ментор, Никола Груевски.

За овој класичен судир на интереси, кога е доделено земјиштето во време кога Мицкоски му бил советник на Груевски за енергетика, очекуваме надлежните институции да реагираат.

Антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера призна дека Мицкоски експресно добивал бизниси од Владата на Груевски но лажно тврдеше дека тоа не било во времето додека му бил советник.

Фатени во уште една лага, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, заглавено во сопствената изолација, денеска треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа.

Почитувани граѓани,

Очигледна е спрегата меѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Мотивите поради кои антизападниот пион Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот ментор Груевски излегуваат на површина.

Ги повикуваме преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на дуото Груевски – Мицкоски, туку да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …