Делчево

Конституиран Советот за социјална заштита на општина Делчево

Советот за социјална заштита на Општина Делчево денеска ја одржа својата прва и конститутивна Седница. На Седницата беше избрано раководството, а беа поставени и насоките на делување на ова тело кое се формира врз основа на новиот Закон за социјална заштита.

Седницата на Советот ја отвори градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека формирањето на Советот за социјална заштита е една од новите обврски на општините.

– Советот за социјална заштита се формира за остварување на дејноста на социјална заштита во општина Делчево и развивање на локални мерки и активности за социјална заштита согласно Законот за социјална заштита. Покрај оваа надлежност општините се надлежни да донесуваат одлуки за утврдување и на други права и социјални услуги во областа на социјалната заштита, како и да обезбедуваат средства за нивна имплементација. Друга битна надлежност што ја дава новиот Закон за социјална заштита е донесувањето годишни програми за потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита во која ќе се предвидуваат активности и средства за реализација. Годишните програми ќе се изготвуваат врз основа на социјалниот план на Општина Делчево кој треба да биде изготвен токму од Советот за социјална заштита и да биде во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита, истакна Трајковски.

За претседател на Советот беше избрана Маријана Стоименовска, претставник од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, за заменик- претседател е избрана Лилјана Даневска- Богдановска, претставник од Полициската станица од општа надлежност Делчево, а  за секретар е избран Влатко Митев, претставник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …