РАЗЛИКИТЕ КАКО ФАКТОР НА ЗБЛИЖУВАЊЕ

Во петокот на 18.10.2019 година СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и ОСТУ „Гостивар“ – Гостивар реализираа активности во рамки на проектот за мултиетничка интеграција во образованието. Двете училишта партнерски аплицираа за добивање на грант за реализација на проектни активности за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

Ова е првата од двете предвидени средби во рамки на проектот. Во активностите учествуваа по 20 ученици од двете училишта во мешан полов и етнички состав. Тука беа присутни и по неколку професори и членови на училишните тимови за меѓуетничка интеграција. Гостите заедно со нашите ученици направија обиколка на училишните кабинети, а потоа следуваше работа на терен. Дел од учениците се натпреваруваа во одбојка, а останатите фотографираа стара битолска архитектура. Победници во одбојка немаше, а од прекрасните слики произлезе уште поубава изложба. На крај на сите учесници им беа доделени благодарници за учество во проектот.

Целта постигната…Разликите се фактор на зближување…Ученици од различен етникум, од различни средини се дружеа, шетаа по Широк сокак, се запознаа со културно-историските споменици на нашиот град, уживаа во локалните кафулиња, заеднички ручаа…Размена на мислења, ставови…

Убава средба, убав настан, нека ги има повеќе…

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …