Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување.

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на раководител на мултиетничка општина во која не дозволил да се злоупотребуваат вакви прашања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот го пренесуваме во целост:

Пишува: Теофил Блажевски

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, гостувајќи на национална телевизија постави дилема пред јавноста, во која има спинувани елементи:

Спин: Овој коридор ви поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многу пати досега сме ја погледнале? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Зашто, со самото тоа ставање на поединци во Владата коишто доаѓаат од таа етничка заедница задолжени и привилегирани да располагаат, договараат, располагаат со сите информации, се остава простор вака народот да измислува. Зашто господинот Артан Груби е во повластена состојба во однос на било кој друг граѓанин, бидејќи тој автопат ќе се гради со наши пари. Тоа е важен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?

[Извор: Сител ТВ – Тема на денот/М. Димитриевски (од 20 мин.); Датум: 24.04.2022]

Контраспин: Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски поставувајќи дилема од јавен интерес околу изградбата на Коридорот 8, преку ред легитимни прашања, вметнува спин кој нема врска со јавниот интерес, туку со интересот на политичките партии или движења кои имаат амбиции на следните парламентари избори, меѓу кои е и движењето што го предводи Димитриевски.

Мешањето на прашањето за изградба на клучни транспортни правци во државата со прашањето за имагинарно замислената Илирида која егзизистира по потреба од 1992 година, е спин или извртување на вистината.

Сосема легитимно е прашањето на градоначалникот за потребата од именувањето на координатор за решавање на ова прашање (Артан Груби) од страна на Владата, кој има привилегирани информации и овластувања за проектот. Со тоа, Димитриевски ја потенцира важноста на транспарентноста и законитоста во кој било процес, па и за изградба на коридорите 8 и 10. Но, тој ова го користи во шпекулативна форма – имено, токму тоа што Груби бил Албанец, оставало простор не Димитриевски, туку народот така да верува!?

На крајот од првата третина на 21 век, после сите проевропски формализирани и неформализирани агенди на државите на Балканот за членство во ЕУ, после сите досегашни реализирани агенди во рамките на Берлинскиот процес, но и во рамките на Отворен Балкан за интеграција и неформално укинување на границите меѓу државите на Балканот, да се зборува за развој на Коридорот 8 во функција на имагинарната Илирида, е извртување на вистината и спин.

Од истите причини е спин и делот од изјавата на Димитриевски за тоа дека „тој (коридорот 8) е важен коридор, но Македонија имала и други коридори и зошто не сме направиле некакво анкетирање на што ќе се трошат милијарда и двесте милиони евра народни пари“. Зашто, по логиката на Димитриевски дали развојот исклучиво на Коридорот 10 со поткраците, е затскриен српско-грчки наратив, отцртување на оската Белград-Скопје-Атина и бидејќи во изминатите 60-70 години, вклучувајќи ги и последните 30-тина, малку повеќе се посветувало внимание на овој коридор, дали тоа не значи исцртување на некоја друга скриена агенда?

Развојот на Коридор 8 и Коридор 10 со сите споредни краци е дел од развојот на Европските коридори и инфраструктурни главни правци и тоа не отсега, туку уште од крајот на социјализмот во Македонија. Тоа продолжи во периодот од првите влади на независноста на државата до ден денешен, а главниот проблем не е Илирида, или пак, потребата од изградба, туку „килавоста“ и неспособноста на сите досегашни влади тоа да го реализираат во целосен обем. Незаинтересираноста на Владите може најчесто да се оправда со долгорочноста на ваквите проекти (автопати, пруги, хидроцентрали…), кои не завршуваат ниту во еден, ниту два мандата на една или различна влада, па досега реализација на големи инвестиции не беше коњуктурно за политичките партии во предизборниот период. Дали нешто ќе се смени со договорот со „Бехтел и Енка“ останува да се види, но според досега презентираното, тој договор и неговата реализација веќе се една од клучните теми во предизиборието за следните парламентарни избори во земјата.

Оттука, секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски, кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на раководител на мултиетничка општина во која не дозволил да се злоупотребуваат вакви прашања.

Прочитајте повеќе

Владините лопати се фрлаат и на 40 степени

Владините лопати се фрлаат и на 40 степени

Топлото време и екстремно високите температури не беа пречка премиерот и повеќе владини и локлани …