Координативното тело за референдумот ќе го води Џафери, ВМРО-ДПМНЕ не дојде на координација

Координативното тело за референдумот ќе го води Џафери, ВМРО-ДПМНЕ не дојде на координација

Собранието на Република Македонија ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања.

Ова е еден од заклучоците донесени на денешната координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Собранието и претставник на Владата, соопштија собраниските служби.

Со Координативното тело ќе раководи Џафери, а негови членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Собранието ќе им даде можност, како што информираат, на сите пратеници кои се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот, пропорционално според изјаснувањето да бидат застапени и да можат да ги изразат своите ставови и аргументи пред јавноста.

Собранието исто така денеска со допис ќе се обрати до Владата од каде ќе побара средства за спроведување на јавната кампања за што ќе отвори посебна сметка.

И на денешната координација не присуствувал претставник на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ. Од кабинетот на Џафери посочуваат дека тој денеска ќе контактира со нив за постигнување можен договор за водење јавна пропаганда за референдумот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …