Копретседавањето на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес е важен симбол за поголема сопственост на процесот на земјите од регионот

Копретседавањето на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес е важен симбол за поголема сопственост на процесот на земјите од регионот

Во документот Финални заклучоци на Самитот за Западен Балкан во Познањ, е запишано дека лидерите учесници на самитот го поздравија претстојното прво заедничко претседателство на Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2020 година. Копретседавањето со Берлинскиот процес, како платформа за европски дијалог, соработка и поддршка на проширувањето, е важен симбол за поголема сопственост на процесот на земјите од регионот.

Учесниците на Самитот во Познањ уште еднаш ги поздравија и ја истакнаа важноста на имплементација на Договорите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.

Во финалните заклучоци, лидерите на Западен Балкан ја истакнуваат важноста на регионалната соработка, и ја потврдија својата силна посветеност кон Регионалната економска област, како и на  спроведувањето на реформите чија цел беше да го обезбедат просперитетот во регионот и да ги зајакнат економските врски меѓу Западен Балкан со економиите на ЕУ.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …