Костадинов: За Мицкоски најважно е да го брани Орце Камчев, затоа не ги бара партиските пари на ВМРО-ДПМНЕ

Костадинов: За Мицкоски најважно е да го брани Орце Камчев, затоа не ги бара партиските пари на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Осомничениот Орце Камчев е обвинет во предмет заедно со Никола Груевски, за злоупотреба на пари кои влегувале во ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно обвинението, менторот на Мицкоски и осуден криминалец Никола Груевски се товари дека присвоил 1,3 милиони евра за да купува плацеви од десетици илјади квадратни метри.

Во овој предмет првоосомничен е Груевски, второосмничен е Сашо Мијалков, третоосомничен кумот на Груевски, а четвртоосомничен е Орце Камчев.

Наместо да бара одговорност и враќање на парите, 1,3 милиони евра кои наводно се партиски пари, Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се растрчани во одбрана на Орце Камчев.

Ова, почитувани граѓани, покажува дека големи се хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот Орце Камчев.

Христијан Мицкоски не е ништо друго освен потрчко на Камчев, Мијалков и Груевски.

Затоа првиот човек на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски е адвокат на Камчев.

На Мицкоски поважен му е Камчев отколку парите на партијата, на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски уште еднаш потврди дека е на страната на криминалот, на страната на режимот.

Токму затоа постојано е казнуван од граѓаните, токму затоа е во опозција и уште долго таму и ќе остане.

Не успеа досега Мицкоски, нема да успее ниту сега да го одбрани криминалот на режимот.

Правдата е тука и секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

Прочитајте повеќе

Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

Соопштение за јавност на СДСМ Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја …