Ковачевски - Фрагојанис: Односите со Грција се издигнуваат во стратешко партнерство за силно економско поврзување

Ковачевски – Фрагојанис: Односите со Грција се издигнуваат во стратешко партнерство за силно економско поврзување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска го прими заменик-министерот за надворешни работи задолжен за економска дипломатија на Република Грција, Костас Фрагојанис, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.

На средбата беше изразено взаемното задоволство за односите меѓу двете земји кои континуирано се развиваат и издигнуваат на ниво на стратешко партнерство, како придобивка од Преспанскиот договор.

Премиерот Ковачевски истакна дека двете земји сега се фокусирани на унапредување на економската соработка во која посебно место заземаат заедничките проекти во енергетиката како што сe изградбата на интерконекторот за гасно поврзување и инвестицијата на Република Северна Македонија во терминалот за течен гас во Александрополи, од коишто се очекува трајно обезбедување на енергенси за граѓаните и бизнисот.

Заменик-министерот за надворешни работи задолжен за економска дипломатија, Фрагојанис потенцираше дека неговата земја, како и досега, останува на силната поддршка за Северна Македонија на нејзиниот пат до членство во ЕУ како посебен интерес за Грција.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …