Ковачевски-Гир: Скринингот се одвива според утврдениот календар, продолжуваме кон европскиот пат со силна поддршка од ЕУ

Ковачевски-Гир: Скринингот се одвива според утврдениот календар, продолжуваме кон европскиот пат со силна поддршка од ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска оствари тет-а-тет средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Во фокусот на средбата беа евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, како и актуелните случувања и предизвици.

На средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите, кој, како што беше оценето, ќе се одрази позитивно врз квалитетот на животот на граѓаните, како и врз сите сфери на општеството.

Во таа насока, потенцирано е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот кој заеднички е утврден помеѓу Северна Македонија и Европската Унија. Евроамбасадорот Гир ја потврди силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата.

Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија.

При тоа, премиерот Ковачевски на средбата истакна, дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса која треба да се искористи сега.

На средбата со евроамбасадорот Гир, премиерот потенцираше дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел, за која имаме поддршка и од стратешките партнери.

Прочитајте повеќе

Мијалков

Нов обид за продажба на становите на Мијалков, година без конфискуван имот од крупни предмети

Агенцијата за управување со одземен имот во повторена постапка ќе се обиде да продаде дел …