Ковачевски – Гжелчик

Ковачевски – Гжелчик: Неповторлив е моментумот за европерспективите, гласна и силна поддршка од Полска за следниот чекор

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Кшиштоф Гжелчик, новоименуваниот амбасадор на Република Полска во земјава.

Премиерот Ковачевски посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Гжелчик и нагласи дека овогодинешното одбележување на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Полска јасно ги одразува големото пријателство и меѓусебната соработка, што е во фаза на унапредување.

На средбата е оценето дека македонско-полските односи се цврсто поставени на позитивен развоен колосек, Полска е 12-ти трговски партнер на Северна Македонија и ја продлабочуваме економската соработка, со потенцијали и во енергетскиот сектор, земјоделството, полицијата, образованието и културата.

„Полска е наш важен партнер во НАТО, ОН и еден од најгласните поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ. Го цениме активизмот на Полска, преку пријателите на Групата за проширување на ЕУ и сме благодарни за континуираната полска поддршка за досието на Северна Македонија во ЕУ. Тоа што Полска стои зад европските интеграции на нашата држава, со разбирање и почитување на македонските стратешки и идентитетски позиции и цели е дополнителен ветар во грб да продолжиме по европскиот пат, до полноправното членство“, рече премиерот Ковачевски.

На состанокот е нагласена силната поддршка од Полска за претстојниот чекор во евроинтеграциите, со цел забрзан интегративен процес и полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, во следните неколку години.

Искажано е јасно очекување дека сите политички субјекти во нашата држава го препознаваат неповторливиот моментум за постигнување на европската цел и дека пратениците во Парламентот ќе дадат глас за Европа. Посебно што треба да се има предвид дека Европската Унија повеќе од кога било е посветена на ново проширување, со земјите од Западен Балкан, поттикната од геополитичките случувања со војната во Украина.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …