Ковачевски - Нехамер: Евроинтеграцијата на Северна Македонија е безбедносно прашање за регионот и за Европа

Ковачевски – Нехамер: Евроинтеграцијата на Северна Македонија е безбедносно прашање за регионот и за Европа

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на маргините на безбедносната конференција ГлобСек 2022 во Братислава оствари средба со канцеларот на Австрија Карл Нехамер.

Двајцата премиери на средбата ги потенцираа пријателските односи и взаемната поддршка меѓу двете земји како резултат на постојаното унапредување на билатералните врски на политички и на економски план со отворени перспективи за нивно натамошно развивање.

Ковачевски и Нехамер изразија задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Северна Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите: обновливи извори на енергија, градежништво, банкарство и осигурување.

Премиерот Ковачевски на средбата ја нагласи огромната поддршка на Австрија за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион и го поддржа канцеларот Нехамер за континуитетот за извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите од Западен Балкан да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки на ЕУ да ги исполнат своите ветувања кон земјите од Западен Балкан.

Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ со отворање на поглавјата низ преговорите, е една од заедничките констатации од разговорот меѓу премиерите Ковачевски и Нехамер, пришто беше нагласено дека секое натамошно одлагање може да има сериозни безбедносни последици за регионот и за Европа.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …