Ковачевски од Велес: ДПМНЕ не ја сакаат ЕУ затоа што им одговара да нема ред и правила

Ковачевски од Велес: ДПМНЕ не ја сакаат ЕУ затоа што им одговара да нема ред и правила

„ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски не ја сакаат ЕУ затоа што им одговара да нема ред, да нема правила, да нема казнивост за да можат повторно да се богатат на грбот на граѓаните како во времето на Никола Груевски“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред присутните граѓани на митнгот што се одржа вечерва во Велес

За опозицијата рече дека шират антиевропско расположение за да може повторно да ја заробат државата и поединци да ги остваруваат личните лукративни интереси.

„Мицкоски нема храброст и решителност да носи тешки одлуки. Но, тоа не е единствената причина зошто сака да ја врати Македонија 10 години во минатото. Сакаат да ја изолираат и затворат државата, да ги заробат медиумите, да го задушат секој критички глас. За да можат на раат да го репризираат Скопје 2014 и еден куп други криминали и злоупотреби што ги направија за 11 години владеење“, порача Ковачевски.

Пред присутните граѓани потенцираше дека СДСМ е таа која го обезбеди членството во НАТО, и која ги отвори преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Ковачевски беше дециден дека СДСМ и ќе ја внесе земјата во ЕУ.

„Ние за разлика од ВМРО ДПМНЕ не се расфрлавме со милиони евра за споменици и лажен барок. Нам не нѝ требаат жални врби туку среќни и задоволни граѓани. На тоа ќе работиме ден и ноќ и ќе го постигнеме кога Македонија ќе седне на 28-то столче во Брисел“, истакна Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р …