Ковачевски

Ковачевски по повод 80 години од депортацијата на македонските Евреи: Никогаш повеќе да не дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам и фашизам

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка, порача дека никогаш не смее да се повтори ужасното зло од 11 март 194 година, кога започнува депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.

„Згаснатите животи на 7.144 деца, жени и мажи Евреи од нашата држава, меѓу трагичната загуба на над шесте милиони Евреи кои злосторнички се убиени во нацистичките логори низ светот, ќе остана засекогаш вклучен аларм за човештвото. Не смееме да дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам, фашизам. Денес, кога светот се соочува со современи форми на агресија, исклучување, говор на омраза, поттикнати од национални, етнички, верски различности и неправедни наметнувања на едни народи и држави над други – сите сме повикани да бидеме гласни во осудата на овие недемократски пракси во 21 век“, порача премиерот Ковачевски во својот пост на Фејсбук, додавајќи дека Северна Македонија отсекогаш била – и денес е на вистинската страна на историјата и со изградбата на Едно општество за сите, продолжува да биде успешен модел за одржување и унапредување на еднаквоста, мирот и стабилноста во Европа и во светот.“

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …