Ковачевски во „Маркарт“: Инвестициите и растот на платите се потврда за добрите политики и во услови на најголема светска криза

Ковачевски во „Маркарт“: Инвестициите и растот на платите се потврда за добрите политики и во услови на најголема светска криза

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети германската компанија од автомобилската индустрија „Маркарт“ и заедно со амбасадорката Анке Холштајн и менаџментот на фабриката ја истакнаа важноста од нови инвестиции, иновации, технолошки развој и вработувања и во услови на најголемата светска криза со која светот се соочува во поновата историја.

Премиерот Ковачевски во изјава за медиумите рече дека компанијата „Маркарт“ која постои на пазарот речиси еден век, е пример за успешна приказна која стартувала со двајца вработени, за денес да е глобална компанија со 21 локација, на 4 континенти, со повеќе од 10.200 вработени и продажба од 1.3 милијарди евра.

„Несомнено го кажувам ова, бидејќи сакам да дадам мотив до сите претприемачи, до сите наши млади и паметни умови и во услови на најголема криза во поновата историја, да вложуваат во своето знаење и да не се откажуваат од реализација на идеите и плановите. За време на обиколката на производството на компанијата „Маркарт“ разговарав и со вработените кои произведуваат производи со висока додадена вредност, работат на најсовремена и најнапредна технологија со запазени услови за безбедност и здравје при работа. Дополнително тука се води грижа и за заштита на животната средина. И во услови на најголема светска криза бројот на вработени расте, така што во моментот тука, работат 670 наши сограѓани кои произведуваат делови за автомобили за реномирани брендови како БМВ, Мерцедес, Јагуар, Ланд Ровер, Опел, Порше, Ламбoргини и имаат просечна плата од над 500 евра. Тоа е и целта на Владата минимум 30.000 денари просечна плата, а статистика ги регистрира податоците и просечната плата во земјата се доближува до 30.000 денари. Паралелно со растот на просечната, ја зголемивме и минималната плата на 18.000 денари и воведовме методологија со која истата континуирано ќе расте“, изјави Ковачевски и додаде дека оваа компанија имплементира дуално образование кое Владата силно го поддржува.

Волфганг Аихер, генерален менаџер на „Маркарт“, изјави дека истовремено се соочуваме со три сериозни кризи, поминуваме низ тешка година, уште потешка од 2020 и 2021.

„Сега е многу важно да се одржи балансот на заштеди и инвестиции. Свеста за генерирање заштеди и подобрување на ефикасноста и ефективноста треба да се постават на највисоко ниво. Со гордост можам да кажам дека тука во „Маркарт“ ги имаме вистинските луѓе за успех. Тоа се луѓе кои не случајно се дел од тимот. Одбрани луѓе кои растеле заедно со „Маркарт“ или луѓе кои ги препознале своите вредности и култура со оние на компанијата и така се приклучиле кон тимот. Да работите во компанија во која е имплементирана најсовремена и најнапредна технологија, компанија која нуди обуки и кариерен развој, која се грижи за здравјето, безбедноста и благосостојбата на своите вработени претставува голема привилегија и задоволство за секој млад едуциран кадар. На мое големо задоволство денес имаме прилика да ја претставиме нашата компанија пред премиерот Ковачевски, да го  запознаеме со производните процеси, производите и клиентите, начинот на функционирање, имплементирани технологии и програми и проекти. И секако, се надеваме дека ќе го испратиме со позитивни впечатоци и ќе оставиме простор за понатамошна меѓусебна соработката“, изјави Аихер.

Амбасадорката Холштајн рече дека автомобилската индустрија е срцето на билатералната економска соработка помеѓу нашите две земји.

„Кога управувате со автомобил, голема е веројатноста копчето и сензорот кои ги притискате да се произведени со најсовремена и најнапредна технологија токму во Северна Македонија“, рече Холштајн.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …