Коѕиас: Без Договорот од Преспа не постои решение

Коѕиас: Без Договорот од Преспа не постои решение

Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во двете земји“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕиас рече дека вчерашниот состанок започнал со прашањата поврзани со Македонија.

– Објаснив дека треба да биде сфатено во Скопје дека не постои никакво решение без прифаќање на Договорот од Преспа и дека не е можно да се случи она што го велат двете опозиции во Грција и во ПЈРМ, дека можат да обезбедат еден подобар договор, за секоја страна, бидејќи ова не е изводливо дури и со едноставна аритметика од основно училиште – рече шефот на грчката дипломатија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …