Коѕијас денеска во Охрид на работна вечера со Димитров, а утре и официјална средба

Коѕијас денеска во Охрид на работна вечера со Димитров, а утре и официјална средба

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас попладнево ќе допатува во Охрид, по што ќе има работна вечера со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Официјалната средба на двајцата министри за надворешни работи е закажана за утре. Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека посетата на министерот Коѕиас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.

Во однос на средбата во Охрид, премиерот Зоран Заев очекува да се постигне дополнителен прогрес, по разговорите на двајцата министри во Виена.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во интервју за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека разликите со Скопје можат да се решат со смелост.

Охридската средба се случува една недела пред Европската комисија да го соопшти извештајот за напредокот на Македонија, во кој Владата очекува да добие безусловна препорака за почеток на преговорите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ …