Кредит Свис се надева на спасување

Кредит Свис се надева на спасување

Швајцарската банка Кредит Свис, која западна во проблеми, позајми 50 милијарди швајцарски франци од централната банка на земјата. Германскиот министер за финансии уверува дека домашниот банкарски сектор е „стабилен“.

По банкротот на неколку американски финансиски институции, меѓу нив и Банката на Силиконската долина, нови загрижувачки вести за глобалниот банкарски систем доаѓаат од Швајцарија.

Имено, цената на акциите на големата швајцарска банката Кредит Свис вчера во еден момент паднаа за дури 30 отсто, откако најголемиот акционер во банката, Саудиската Национална банка објави дека веќе не е во можност да ѝ пружа финансика помош, бидејќи би го надминала законското ограничување за сопственички удел до 10 насто. Оваа банка, имено, минатата година учествуваше во докапитализација на Кредит Свис, вредна 4,2 милијарди долари, остварувајќи притоа сопственички удел од 9,9 отсто.

Кредит Свис вчера вечерта соопшти дека ќе позајми до 50 милијарди швајцарски франци од Швајцарската народна банка, за да ги увери вложувачите оти има неопходна готовина за да продолжи со работа. „Оваа дополнителна ликвидност би ги поддржала основното работење и клиентите на Кредит Свис, додека банката презема соодветни чекори за преструктуирање на работењето, односно фокусирање на банката на потребите на клиентите“, соопшти Кредит Свис.

Седиштето на Кредит Свис во швајцарскиот град Цирих
Седиштето на Кредит Свис во швајцарскиот град Цирих

Дали Кредит Свис е закана за Германија?

На овие информации со нервоза реагираа финасиските пазари ширум светот. Имено Кредит Свис е меѓу 30-те банки во светот кои се рангирани како „преголеми за да пропаднат“, бидејќи нивниот банкрот би имал катастрофално влијание врз глобалната економија.

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линдер, синоќа на првиот канал на германскиот јавен сервис АРД ја коментираше потенцијалната закана за најголемата европска економија од Кредит Свис и рече дека германскиот банкарски сектор е „стабилен“.

„Владата е во постојан и интензивен дијалог со сите вклучени“, рече Линдер. „Имаме способен регулатор и ја имаме Бундесбанк, која има традиција на финансиска стабилност“, додаде тој. Значи, можеме многу јасно да кажеме оти германскиот кредитен состав – приватните банки, штедилниците и задолжените институции, е стабилен и ние ќе продолжиме да обезбедиме да остане така“, порача Линдер.

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …